Терзиќ потврди: Станковиќ веќе не е тренер на Црвена звезда!

by riste
1 минути читање

Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, денеска на конференција за медиумите на управата на клубот потврди дека Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на „црвено-белите“.

Фановите на Црвена звезда синоќа доживеаа големо разочарување, елиминација од квалификациите за Лигата на шампионите откако на „Рајко Митиќ“ загубија од Хапоел Бер Шева со 0-2.

По мечот тренерот Дејан Станковиќ си поднел оставка, а таа денеска е потврдена од раководството на Црвена звезда.

„Морам да им се извинам на претставниците на медиумите бидејќи немаше конференција за печатот. Дејан Станковиќ како шеф на стручниот штаб поднесе оставка по натпреварот и не беше во состојба да излезе пред медиумите. Со оглед на тоа што неговиот прв помошник Сакиќ е дел од неговиот тим, целиот тим поднесе оставка и немаше кој да дојде“, изјави Терзиќ.

„Морам најпрво да упатам и големо извинување поради прикажаната игра синоќа. Искрено да ви кажам, јас првпат бев на овој стадион на 11 години, во 1977 година, кога Менхенгладбах славеше со 3:0. Јас од тогаш не памтам вака лошо издание на Звезда, големо извинување“, истакна генералниот секретар на „црвено-белите“.

Значи, сега и официјално – Дејан Станковиќ од денеска повеќе не е тренер на Црвена звезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×