188
Ѕвездата на Милан, Тео Ернандез од следната сезона ќе го носи дресот на Ал Хилал, трансферот е договорен, следува негово комплетирање.
Иако е во најдобрите години од кариерата, за Ернандез поголема мотивација се петродоларите од шеиците од вистинскиот фудбал кој се игра во Европа.
Во таборот на Ал Хилал веруваат дека работата е завршена, тие имале позитивни разговори со Ернандез и тој се сложил да потпише со нив.
Од утре следуваат формалните чекори за трансферот да биде комплетиран.