Тензија во соблекувалната, Левандовски му одржал лекција на Ансу Фати по елиминацијата од Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Барселона синоќа загуби со 2-1 на Олд Трафорд и доживеа елиминација во Лига Европа. По крајот на натпреварот имала мала тензија во соблекувалната, Роберт Левандовски му држел лекција на Ансу Фати.

Причина за ова е потегот на младиот напаѓач во финишот на мечот, кога по една нафрлување на Феран Торес, тој играше со глава наместо да остави Роберт Левандовски да бие.

Полјакот верувал дека тој бил во многу подобра позиција да ја затресе мрежата, и наводно ова било втор пат оваа сезона како Ансу Фати му „украл“ шанса за гол.

Па Роберт Левандовски побарал од Ансу Фати да биде повнимателен во ваков тип на акции и да не брка гол по секоја цена бидејќи на крајот може тимот да плати, како што беше случајот вчера кога Барселона доживеа пораз и елиминација.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани