„Ѓаволите“ попладнево против Њукасл (17.30 часот) на стадионот „Вембли“ имаат шанса да го освојат четвртиот трофеј во последната деценија, а втор во Лига купот во овој период, што ќе им даде потстрек да се обидат во најкусо време повторно да бидат англиски шампиони што не биле од 2013 година.
„Возбудливо е да играте на Вембли, каде што секогаш посакувате победа. Ова ќе биде тежок меч против квалитетен противник, но мора да најдеме начин да ги победиме по секоја цена. Имам голема почит за ривалот и неговиот тренер, тие се добар тим со одличен тимски дух. Го знаеме нашиот начин на игра и ќе го практикуваме тоа. Се соочувате секогаш со различни стилови на игра, а морате да пронајдете начин да го победите противникот, па ќе видиме во недела кој метод ќе го избереме, за да ги победиме“, вели Тен Хаг.
Тој беше прашан дали имал средба со Сер Алекс пред финалето, алудирајки на тоа дали ќе се обиде да собере некоја порака и совет од стариот лисец.
„Немавме време за тоа, зашто времето е кратко, мора да се фокусираме на натпреварот. По победата со Барселона, ни требаше време да одмориме. Манчестер Јунајтед е клуб со победничка култура и Ферги тоа го врежа во клубот и сите околу него, така да ќе се обидеме да го направиме повторно горд, почнувајки од недела“, дополни Тен Хаг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.