Тен Хаг почна со психолошката војна, го повика судијата да не наседнува на триковите на Њукасл

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед синоќа ја победи Барселона и се пласираше во осминафинале во Лига Европа, но на Ерик тен Хаг не му требаше многу време да се насочи кон следниот противник и пресметката против Њукасл во финалето на Лига Купот.

Стратегот веднаш почна со психолошка војна, рече дека Њукасл е тим кој иритира бидејќи често задржува време и го повика судијата да не наседнува на нивните трикови.

„Њукасл е тим кој иритира, многу задржува време. Доколку видите, нивното ефективно време на игра е најниско во Премиерлигата и прилично се успешни во тоа“ – вели Ерик тен Хаг.

„Секако, од нас зависи темпото на игра да биде брзо, но многу работи ќе зависат и од судијата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани