Тен Хаг: Ова ми беше најголем триумф со Јунајтед, ја победивме Барса, а тие се пред Реал во Ла Лига

by
1 минути читање

Тој вели дека елиминацијата на Барселона е неговата најголема победа во досегашниот дел од кариерата во Манчестер јунајтед.

„Мислам дека ова е мојата најголема победа како тренер на Манчестер јунајтед. Имавме и други добри победи како против Ливерпул и Арсенал. Но мислам дека ова против Барселона која е лидер во Ла Лига со осум бода пред Реал Мадрид е најголема. Го видовме Реал што направи на Енфилд“, вели Тен Хаг.

„Во првиот дел не бевме доволно добри. Но во тимот имаме неколку играчи со голем карактер кои можат да го движат тимот и кога има падови. Такви се Рафаел Варан и Лисандро Мартинез кои можат да дојдат напред. Антони и Гарначо не се плашат од никој. Бруно, Касемиро…“.

„Тие се фокусирани да дојдеме до резултат без разлика на примениот гол, веруваат дека можат да го свртат мечот и тоа се случи“.

„Фудбалот е игра 11 на 11, напаѓаме со 11 и се браниме со 11, но поважно од тоа е целиот состав. Ви требаат различни фудбалери, за различни ситуации“.

„Кога сте на теренот, треба да бидете подготвени и да допринесете за тимот. Не може да се освојат трофеи со 11 фудбалери, особено не во денешно време, потребен ви е голем состав на играчи кои можат да внесуваат различни динамики во мечот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани