18 годишниот
Алехандро Гарначо уште еднаш покажа дека може да биде нова ѕвезда на Манчестер
јунајтед, Аргентинецот погоди брилијантно за 2-1 во 90. минута против Вест Хем
и практично донесе четвртфинале во ФА Купот (Фред пет минути подоцна ја потврди
победата).
„Денеска видов
како направи уште еден чекор напред“ – рече Ерик тен Хаг по крајот на
натпреварот.
„Пред почетокот
му кажав, „правеше разлика и оставаше траг кога влегуваше од клупата, сега
треба да почнеш да правиш разлика како стартер“. Мислам дека е способен за ова и ова е следниот чекор во неговата кариера“.
„Една од неговите
силни страни е тоа што нема страв. Тоа е многу важно за еден фудбалер, да
бидете храбри. Нема многу фудбалери кои не се плашат да го нападнат
противникот, да се обидат да го издриблаат, да го поминат“.
„Гарначо има и многу
други адути, како на пример финиширање. Исто така момчево не престанува да
трча. Не само што е брз и експлозивен, може да трча 90 минути или 120 минути“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.