33 годишниот Марко
Ројс би можел да го облече дресот на „ѓаволите“, ваква информација денеска
проструи низ медиумите од Англија.
Минатата недела,
по дербито на Манчестер, агентот на Германецот седнал на тајни преговори со
Ерик тен Хаг.
Марко Ројс ги одработува
последните месеци од договорот со Борусија Дортмунд, размислува за следниот
чекор и наводно „Олд Трафорд“ е една од опциите. Претходно се пишуваше дека напаѓачот
може да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Квалитетот на Марко
Ројс никогаш не бил спорен, но честите повреди го спречија офанзивниот фудбалер
да блеска во континуитет.
Останува да се
види што ќе се случи со неговата иднина, тоа што може да биде ангажиран без да биде
платена оштета го прави примамлива опција.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.