Taжната животна приказна на Емануел Ебуе: Од голема ѕвезда до живот речиси без ништо!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата и Коска и член на Арсенал и Галатасарај, Емануел Ебуе, иако во кариерата заработи многу денеска е речиси без ништо.

Во разговор во подкаст, Ебуе отворено зборуваше за тешкиот период од својот живот. Иако имал успешна кариера, семејство и имот, денес се соочува со последици од низа лоши одлуки и околности, вклучително и тоа што нема можност да ги гледа своите деца.

Тој се присети на моментот кога требало да ја оживее кариерата со трансфер во Сандерленд, кој на почетокот изгледал како идеална шанса. Сепак, веднаш по потпишувањето на договорот започнале проблемите.

„Кога се појави опцијата со Сандерленд, бев пресреќен. Тренерот ми кажа дека сака да потпишам на две години и сè изгледаше совршено. Но, веднаш по потписот започнаа проблемите“, раскажа Ебуе.

Според неговите зборови, агентите побарале висока провизија од милион евра, иако, како што тврди, не придонеле за договорот. Одбивањето да ја плати сумата довело до правен спор што завршил пред ФИФА, а исходот бил едногодишна суспензија која практично ја оттурнала неговата кариера во надолна линија.

„Не можев ниту да тренирам со клубот. Тогаш мојата кариера тргна надолу“, вели Ебуе, а во истиот период се распаднал и неговиот брак.

„Мојата поранешна сопруга правела работи за кои не знаев. Сè се случуваше додека бев меѓу Англија и Турција. Кога Сандерленд го раскина договорот со мене, се вратив во Турција. Останав таму, криејќи се, затоа што не сакав луѓето да знаат дека сум без клуб. Ми беше полесно никој да не ме гледа и тогаш започна бракоразводната постапка“, раскажa Eбуе.

По судската постапка, изгубил значителен дел од својот имот, куќи, финансии и стабилноста што ја имал со години. Финансиските проблеми кулминирале со банкрот, а најтешкиот удар за него било тоа што останал без контакт со своите деца по судска одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×