Тажна вест од Шпанија: Почина легенда на Реал Мадрид, освои четири титули во ЛШ

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хосе Емилио Санта Марија, почина на 96-годишна возраст, соопшти шпанскиот гигант.

Санта Марија е Уругваец роден во Монтевидео во 1929 година и беше дел од една од најтрофејните генерации во историјата на клубот, со која освои четири европски титули во 1958, 1959, 1960 и 1966 година.

Во дресот на Реал, каде пристигна во 1957 година, одигра 337 натпревари и освои шест шампионски титули во Шпанија, настапувајќи рамо до рамо со легенди како Алфредо Ди Стефано и Ференц Пушкаш.

„Санта Марија засекогаш ќе остане запаметен како еден од најголемите симболи на нашиот клуб“, изјави претседателот на Реал, Флорентино Перез.

По завршувањето на играчката кариера, тој се посвети на тренерската работа, при што ја предводеше и репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство во 1982 година, како и на Олимписките игри во 1968 и 1980 година. Долги години беше и тренер на Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×