73
Родителите на Сибашиќ, Јово и Боја се горди на својот син. Мајка му и не може да ги гледа натпреварите по една повреда на неговиот син заработена кога играл за Хајдук.
„Нема шанси да го гледам, откако Даниел се повреди бранејќи за Хајдук не ги гледам неговите натпревари. Тоа беше против Задар и отогаш не гледам. Не можам. Кога има натпревар, шетам околу куќата“, вели мајката Боја Субашиќ.
Татко му, Јово објаснува како неговиот син станал голман.
„Даниел не застана одма на голот. Дури кога имаше десет години играа некој натпревар, голманот се повреди, немаа друг, а Данијел го праша тренерот Мишко Пауновиќ дали може да застане на гол? И откако застана, така и остана. Израсна до метар и 92“, открива Јово Субашиќ.