Таре: Модриќ е со соиграчите од утро до мрак!

by riste
1 минути читање

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре верува дека Лука Модриќ и наредната сезона ќе го носи дресот дресот на росонерите.

Модриќ се покажа во одлично издание во првата сезона како фудбалер на Милан, па клубот сака тој да го продолжи договорот и да остане и во наредната.

Некои информации велат дека тоа ќе зависи и од завршницата на Милан во оваа сезона, односно дали тимот ќе избори место во Лигата на шампионите.

Модриќ во моментов е во аут поради повреда, но Таре вели дека тој по цел ден е со неговите соиграчи во Милан.

„Неговото отсуство на теренот се чувствува, но неговата присутност е голема. Секој ден, од утро до мрак тој е со тимот. Тој е во соблекувалната и се обидува да ги охрабри соиграчите. Тој е важна личност за овој тим. Уверен сум дека Лука и следната сезона ќе го продолжи својот пат со Милан“, рече Игли Таре.

Фото: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×