Таневски тргна со пораз, Русија подобра од младинците во Скопје

by Стефан
1 минути читање

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз го започна мандатот на новиот селектор Александар Таневски. „Црвено-жолтите“ загубија со 3-2 од Русија во контролниот натпревар одигран во Скопје.

Русите беа подобар противник и заслужено стигнаа до победата, но избраниците на Таневски во неколку покажаа дека можат сериозно да му се заканат на противникот.

Гостите поведоа во 36. минута преку Окишор, па со минимална предност заминаа на пауза. Русија продолжи подобро и на стартот од второто полувреме. По десетина минути игра, Бобер ја затресе мрежата за 2-0.

Македонија не се предаде и продолжи да бара начин да се врати во натпреварот. Напорот вроди со плод во 79. минута, кога „црвено-жолтите“ намалија на 2-1 и повторно ја вратија неизвесноста, стрелец беше Васил Тасовски.

Сепак, надежите за позитивен резултат траеја само две минути. Русија брзо возврати со трет гол за 3-1 преку Акмедов. Тасовски во последните моменти со вториот погодок само го постави конечниот резултат.

За Таневски и неговите избраници сега следуваат последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство. Македонија на 1 октомври во Битола ќе ја пречека Црна Гора, а четири дена подоцна ќе гостува кај Шведска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×