Нема СП за „силувачот“ Парти, не доби дозвола за влез во Канада!

by 24 фудбал
0 минути читање

Ѕвездата на репрезентацијата на Гана, Томас Парти, нема да може да отпатува во Канада за натпреварите на Светското првенство. Канадските власти му забранија влез во земјата поради судската постапка што се води против него во Англија.

Играчот се соочува со обвиненија за повеќе сексуални кривични дела, кои тој целосно ги негира. Ганските власти најавија дипломатска интервенција, сметајќи дека обвиненијата не треба да бидат причина за ваква одлука додека процесот е во тек.

Случајот претставува сериозен удар за селекцијата на Гана пред настапите на Мундијалот. Селекцијата се натпреварува во групата Л, заедно со Англија, Хрватска и Гана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×