Светскиот шампион клекна на колена уште на стартот, Мексико ја победи Германија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Германија доживеа неочекуван пораз на стартот од Светското првенство, загуби од Мексико со 1-0. Актуелниот бранител на трофејот не можеше да го најде патот до мрежата на Очоа.

Особено интересно беше првото полувреме во кое и двете екипи напаѓаа. Шансата ја искористи Лозано кој по асистенција од Чичарито ја затресе мрежата на Нојер за голема радост на Мексико.

Три минути подоцна Тони Крос од слободен удар ја погоди пречката од голот на Мексико, интервенција имаше и Очоа.

Во вториот дел гледавме поразличен натпревар, Мексико тотално се повлече и напаѓаше само од контра напади кои изгледаа опасно но без реализација.

Германија јалово кружеше околу голот на Мексико барајќи го патот израмнување, претежно со удари од далечина, но не успеаја.

На крајот Мексико се радуваше на победата, а Германија по овој пораз нема веќе право на кикс доколку не сака и таа да биде Светски шампион кој не ја поминал групната фаза.

Утре со дуелот меѓу Шведска и Јужна Кореја ќе се комплетира првото коло од групата Ф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани