Поради инцидентите во Скопје, забрането е гостување на навивачите на Шкупи во Софија. Шверцерите нема да патуваат на мечот, па вечерва на тренинг ќе им дадат поддршка на фудбалерите.
„Со оглед на тоа дека кукавиците од Софија ги затворија вратите од стадионот за нас и нѐ спречија да му дадеме поддршка на нашиот Шкупи, ве повикуваме сите вечерва во 19 часот да се собереме на нашата трибина во Чаир и да ги испратиме нашите херои на најдобар можен начин“, е пораката на Шверцери до сите навивачи на Шкупи.
Стадионот во Софија ќе биде исполнет до последно место, од таму пристигна информацијата дека билетите се распродадени.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.