Сусо му донесе бод на Милан од Олимпико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио и Милан ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1. Домаќините имаа водство се до финишот од мечот, но Сусо донесе бод за росоњерите.

Одличен настап на голот имаше и Донарума иако во 45. минута направи прекршок за пенал врз Имобиле кој го реализираше Биља за водство на Лацио од 1-0.

Со неколку фантастични интервенции Донарума спречи натпреварот порано да биде решен, а кога шансите нема да се искористат следува казна.

Сусо по една соло акција постигна гол во 85. минута од натпреварот и му донесе бод на Милан од Олимпико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани