Суперлигата допрва ќе се развива: Нов систем со 80 клуба и неколку дивизии

by
3 минути читање

Бернд Рајхарт, претседателот на компанијата А22, која беше формирана да го спонзорира и помага креирањето на Суперлигата, имал интервју за германски „Дие Велт”, во кое изнел дел од плановите за подновената и подобрена Суперлига.

За разлика од минатата година, кога се зборуваше за „друштво на богатите”, затворен круг на 20-тина најмоќни клуба од Европа, Рајхарт сега споделил идеја за Суперлига со 80 клуба, кои би биле поделени во неколку квалитативни дивизии, која нема да биде затворен систем, туку во неа би се влегувало и од неа би се излегувало по заслуга. Секој од клубовите би имал загарантирани 14 натпревари, а пласирањето во Суперлигата би било од домашните првенства.

Рајхјарт споделил десет точки на кои се потпира планот за овој нов систем, а меѓу позначајните е токму тоа, националните лиги да бидат основите врз кои ќе се надградуваат меѓународните настапи на клубовите. Понатаму важна ќе биде финансиската одржливост на клубовите, а тие 14 загарантирани меча на големата сцена би донеле стабилност и предвидливост на приходите. Една од заложбите на Суперлигата треба да биде борбата со нелојалното трошење, кое станува сè поголем проблем на најголемите европски клубови.

„Клубовите ќе мора да трошат базирано само на парите кои се заработени, а не да се потпираат на други капитални инјекции”, вели Рајхарт.

Целата оваа палета на принципи и правила, фирмата А22 почнала да ја развива од октомври 2022 година, кога почнала да разговара на оваа тема со 50 клуба, обидувајќи се да ги сослуша нивните проблеми и потреби.

„Темелите на европскиот фудбал се во опасност од уривање. Време е за промена. Клубовите се тие кои ги носат претприемничките ризици во фудбалот, но кога се носат важни одлуки, тие многу често се принудени да седат немо, настрана, додека спортските и финансиските темели се уриваат околу нив. Нашите разговори јасно утврдија дека за клубовите често е невозможно да зборуваат јавно за систем кој користи закани за санкции. Нашиот дијалог беше отворен, искрен и конструктивен и резултираше со јасни идеи за промени”, вели тој.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани