Суперкомпјутерот ја избра Шпанија за светски шампион – ова се репрезентациите со најмногу шанси (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Шпанија е главен фаворит за освојување на титулата на Светското првенство 2026, покажуваат најновите анализи на „Опта“, една од водечките компании за спортска статистика и аналитика.

Според резултатите од дури 10.000 компјутерски симулации, „црвената фурија“ до трофејот стигнувала во 16,1 процент од случаите, што ја позиционира пред Франција со 13 проценти, Англија со 11,2 и Аргентина со 10,4 проценти шанси за светската круна.

Овие четири селекции се издвојуваат како најсериозни кандидати за титулата, иако прогнозите на суперкомпјутерот не секогаш се пресликуваат и на теренот.

Во пресрет на Мундијалот кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година, „Опта“ ги објави своите конечни предвидувања за најголемиот фудбалски спектакл на планетата, а актуелниот европски шампион Шпанија доби најголема доверба од статистичките модели.

Светското првенство во 2026 година ќе биде историско и поради новиот формат. За првпат на завршниот турнир ќе настапат 48 репрезентации, а натпреварите ќе се играат на 16 стадиони во САД, Мексико и Канада, земјите домаќини на шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×