Судијата од последното финале на ЕП ќе дели правда во Скопје!

by Стефан
1 минути читање

Познато е името на судијата кој ќе ја дели правдата на саботниот натпревар меѓу Македонија и Шкотска, во рамките на третото коло од новата сезона во Лигата на нации.

УЕФА му ја довери главната судиска улога на Французинот Франсоа Летексие, еден од најценетите европски арбитри во моментов. За квалитетот и довербата што ја ужива во европската куќа на фудбалот најдобро говори фактот што Летексие беше избран да го суди финалето на Европското првенство во 2024 година.

На теренот ќе му помагаат сонародниците Сирил Муние и Мехди Рамуни, додека улогата на четврти судија ќе ја има Гјом Паради.

Во ВАР-собата ќе бидат Французинот Матје Вернис и Белгиецот Ван Дрисше.

Летексие досега само еднаш ѝ има судено на македонската репрезентација. Тоа се случи токму во Скопје, на натпреварот против Италија, кој заврши без победник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×