Нант го имаше
првиот меч откако Емилијано Сала исчезна над Ла Манш на пат кон Кардиф, па
Аргентинецот беше во мислите на сите приситуни на „Божуар“.
На загревањето,
играчите на два тима излегоа со мачики во чест на напаѓачот. „Те сакаме Еми“
гласеше пораката на Нант, додека „Молете се за Сала“ беше слоганот на гостите.
L’échauffement de nos joueurs avec @EmilianoSala1 sur le coeur #FCNASSE | #PlayForSala pic.twitter.com/2vOCuIlavC
— FC Nantes (@FCNantes) January 30, 2019
#FCNASSE#PrayForSala pic.twitter.com/JhBPj2G6lr
— AS Saint-Étienne (@ASSEofficiel) January 30, 2019
Пред самиот старт
на дуелот, на кругот на средината на теренот беше поставен транспарент со ликот
на Емилијано Сала, а навивачите имаа подготвено своја кореографија во чест на Емилијано Сала.
Во 9. минута од
мечот, судијата ја прекина играта за минута аплауз од сите присутни на стадионот.