Судбина: Да не дадеше гол против Касимпаша, Атсу сега ќе беше жив

by
1 минути читање

Утрово пристигнаа тажни вести од Турција, Кристијан Атсу е пронајден мртов под урнатините на зградата во која што живеел.

Од неговиот клуб Хатајспорт откриваат дека тој не требал да биде во Турција кога се случи катастрофалниот земјотрес, но сплет на околности придонеле да остане.

Имено Кристијан Атсу имал купено авионска карта да замине од Хатај и да го посети семејството во Франција, но откако донесе победа над Касимпаша со гол во 97. минута, фудбалерот понесен од еуфоријата го откажал летот.

„Всушност тој требаше да патува во странство и да го посети семејството. Но откако одигра добро и постигна победоносен гол, го откажа летот. Земјотресот се случи на еден од неговите најсреќни денови“ – раскажува директорот на Хатајспор, Фатих Илек.

„Требаше да лета во 23 часот. Го откажа летот. Земјотресот се случи во 4 часот наутро. Каква трагедија“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани