130
Даниел Субашиќ во финишот од регуларниот тек се повреди, изгледаше лошо, се чинеше дека нема да може да продолжи. Но голманот стисна заби, ги одигра продолженијата, ги бранеше пеналите и повторно беше еден од главните јунаци на Хрватска.
„Му реков на селекторот да не ме вади од игра и дека ќе играм со една нога ако треба, нека ја сочува таа измена за некој друг“, изјави Субашиќ.
„Горд сум, среќен и презадоволен. Сите играме за ова и сите сакаме да направиме нешто повеќе. Му благодарам на Бога што го награди нашиот труд“.
„Знаев дека Смолов така шутира пенали, но пак ќе кажам, тоа се е лотарија. Од нашето заедништво доаѓа овој резултат. Сите гинеме еден за друг и заслуживме полуфинале и без пеналите“.