Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов, Барнли е на потег

by
1 минути читање

Чурлинов играше одлично на подготвителните натпревар, а постигна гол и во Купот на Германија каде му донесе победа на Штугарт над Динамо Дрезден од 1-0.

Македонецот го привлече вниманието на други клубови, а еден од заинтересираните е Барнли кој минатата сезона испадна од Премиерлигата, но сака брзо да се врати во елитата.

Според германските медиуми, Штутгарт ја одредил цената за Чурлинов, а таа изнесува пет милиони евра. Барнли ако сака да го купи, ќе треба да ја плати таа сума.

Пред почетокот на подготовките, Штутгарт го продаваше Чурлинов за три милиони евра на Шалке, но очигледно во меѓувреме цената на нашиот фудбалер се зголеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани