Студен туш за Ибра од селекторот на Шведска: Златан не е во моите планови!

by
2 минути читање

По трансферот во
Лос Анџелес Галакси и почетокот на новата авантура со два гола на своето деби,
Златан Ибрахимовиќ и неговиот можен настап на Светското првенство се топ тема.

Напаѓачот во
неколку наврати навести дека ќе го гледаме на СП 2018, а во последното интервју,
во шоуто на Џими Кимел тој порача: „Патувам на мундијалот во Русија. Светско
првенство без мене не е Светско првенство
.

Но студен туш за
Златан Ибрахимовиќ сега доаѓа од Шведска, селекторот Јане Андерсон вели дека
напаѓачот не е дел од неговите планови.

„Златан и уште
неколку други играчи кажаа дека повеќе не сакаат да играат за националниот тим
по крајот на Европското првенство во Франција и јас ја почитував нивната
одлука. Ако некој го променил своето мислење, ќе треба да ми се јави, да
седнеме да разговараме и да видиме што понатаму. Но Златан ми се нема јавено
– вели Андерсон.

Запрашан дали во
овој момент Ибра е во неговите планови, селекторот на Шведска одговори: „Не,
апсолутно не, бидејќи рече дека повеќе нема да игра. Истото важи за сите оние
кои рекоа дека повеќе нема да играат
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани