Струга Трим Лум има уште една пречка за да обезбеди европска есен со пласман во групната фаза од Конференциската лига.
На гостувањето кај Есперанж, Струга загуби со 2-1, но победата од 3-1 обезбедена во Скопје ги носи во плејофот.
Во 15. минута Радески доби директен црвен картон, Струга остана со играч помалку, но само две минути подоцна постигна гол преку Ибраими за водство од 1-0.
Есперанж напаѓаше со сите сили, особено во првото полувреме, а Струга одолеваше на нападите се до 70. минута кога Густаво изедначи на 1-1.
Инвазијата пред голот на Стружани се зголемуваше со одминување на времето, во 94. минута Акхалаија погоди за победа на Есперанж од 2-1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.
Последната пречка за Струга е Бреjдаблик од Исланд кој во квалификациите за Лига Европа загуби од Зрињски со вкупни 6-3. Струга ќе биде домаќин во Елбасан, Албанија затоа што нема друг стадион освен Националната Арена „Тодор Проески“ кој ги исполнува условите за плејоф меч. Арената не е во функција до мечот со Италија.