Башкими во Куманово ја шокираше Струга!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Башкими приредија изненадување во последниот натпревар од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Куманово ја совладаа фаворизираната Струга со 2-1.

Стружани ја имаа фаворитската улога пред овој дуел, а со евентуален триумф можеа да се израмнат со Шкендија на врвот на табелата. Сепак, Башкими одигра борбено и успеа да ги освои трите бода пред своите навивачи.

Гостите поведоа во 26. минута, кога Диако ја затресе мрежата на домаќините и најави дека Струга е на добар пат да ја оправда фаворитската улога. Но, радоста на гостинскиот тим траеше само осум минути, бидејќи Ор во 34. минута го постигна израмнувачкиот погодок за 1-1.

Одлуката за победникот падна на почетокот од второто полувреме. Во 51. минута Малајмона погоди за целосен пресврт и водство на Башкими од 2-1. Струга во продолжението се обиде да избегне пораз и тргна по израмнување, но домаќините успеаја да ја зачуваат предноста до последниот судиски свиреж.

Со оваа победа, Башкими стигна до вториот триумф сезонава и сега има седум бода, но и понатаму се наоѓа на претпоследното место на табелата. Струга, пак, остана на 17 бода, исто колку што има и Вардар, додека Шкендија е лидер со 20 освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×