Струга се раздели со Захариевски, тренерот кој ги качи на врвот!

by
1 минути читање

Захариевски речиси три години ја водеше екипата на Струга, со него тие за првпат во историјата излегоа во Европа, оваа година ги качи на врвот во Првата лига, се уште се таму, но раководството на клубот реши да го смени.

Во пролетниот дел од сезоната Струга влезе со два нерешени резултати, на гости кај Тиквеш, и дома со Македонија Ѓорче Петров, дуел во кој Бесарт Ибраими промаши два пенали.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека е прекината соработката со нашиот тренер Захариевски кој скоро три години беше на клупата. Ти благодариме Срле“, е дел од соопштението на клубот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×