Струга го промовираше наследникот на Захариевски

by
2 минути читање

Дуро доаѓа на кормилото на Струга ТЛ откако неочекувано стружани и Захариевски се разделија после две ремија на стартот на втората полуетапа од оваа сезона, во ек додека клубот сѐ уште е прв на табелата, па новиот кормилар доби договор до крајот на идната сезона 2023/24.

Албанскиот стратег роден во Тирана во два мандати беше тренер на Шкендија и не се прослави, првиот во периодот од 25 ноември 2013 до 24 мај 2014 година, а вториот мандат му беше од 12 јуни 2015 до 22 декември 2015 година, односно во двата случаи издржа по една полусезона во македонскиот фудбал.

Тој во кариерата беше тренер на Партизани, Беса, Влазнија, Скендербеу, Фљамуртари, Кукеси, Лачи, Егнатија како и косовска Дрита од Гњилане.

Во стручниот штаб на Дуро се враќа и Меритон Гега.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани