Струга го доби дербито со Шкупи и се одлепи на плус четири

by
1 минути читање

Сите три голови на натпреварот беа постигнати од пенал. Шабани погоди во 23. минута, Ибраими реализираше во 88. минута за водство на Струга од 2-0, а Алварез во 98. минута беше стрелец на погодокот на Шкупи кој беше само почесен гол.

Натпреварот не изобилуваше со шанси, но имаше борбена игра и од двете страни. Со оваа победа Струга се одлепува на четири бода пред Шкупи кој на трите меча во оваа полусезона освои само еден бод.

Шкендија со 3-1 го совлада Работнички, Цаке, Милев и Мујезиновиќ погодија за Шкендија, Русевиќ во судиското продолжение постигна гол за скопскиот тим.

Уште една победа оствари Академија Пандев која полека бега на клубовите кои се наоѓаат во опасната зона. Овојпат ја совладаа Победа со 3-0. Ѓорѓиевски, Велиновски и Врдољак беа стрелци на погодоците.

Скопје и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите играјќи 1-1. Ѓорчепетровци поведоа со автогол на Најдоски уште во првата минута, домаќините израмнија со гол на Хајдари во 93. минута.

Единствената гостинска победа во ова коло ја забележа екипата на Брегалница која со 2-1 го победи Силекс. Ѓорѓиев и Калпачки ги дадоа головите за штипјани, Стојчевски погоди за кратовскиот тим.

Слободна ова коло беше екипата на Тиквеш.

Резултати: Струга – Шкупи 2:0, Шкендија – Работнички 3:1, Академија Пандев – Победа 3:0, Силекс – Брегалница 1:2, Скопје – Македонија ЃП 1:1.

Табела: Струга 42, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 32, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×