По една шпанска, англиска и француска екипа му се придружија на Шахтар во полуфиналето од Конференциската лига.
Рајо Валјекано загуби на гостувањето кај АЕК со 1-3, но се покажаа клучни оние 3-0 од првиот натпревар во Шпанија. Грците застанаа на чекор од сензација, водеа со 3-0 по 51 минута игра, ама Паласон девет минути подоцна им ги скрши срцата на домашните навивачи. Иако имаше половина час за уште еден гол и барем продолженија, АЕК не успеа да погоди.
Тоа што не го направи АЕК, му појде од рака на Стразбур кој по поразот од 0-2 од Мајнц во првиот меч, денеска славеше со 4-0 пред своите навивачи. Нанаси и Уатара уште во првото полувреме ја анулираа предноста на германскиот тим, за во вториот дел Енисио и Емега да го комплетираат мега пресвртот. Во меѓувреме и Емега промаши пенал, но се извади со четвртиот гол за својот тим.
Во полуфиналето, Рајо Валјекано ќе игра против Стразбур, а втората двојка ја сочинуваат Шахтер и Кристал Палас.