„Страшно ме погоди одлуката на Лајпциг“ – Јошко Гвардиол откри дека во јануари не му бил дозволен трансфер во Челси

by
1 минути читање

Јошко Гвардил важи за еден од најперспективнити дефанзивци во Европа, неколку клубови пројавуваат интерес за услугите на Хрватот, кој сака кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.

Во разговор со Тајмс, Јошко Гвардиол откри дека во последните денови од зимскиот преоден рок добил убава понуда од Челси но РП Лајпциг одбил да го продаде и тој останал фрустриран.

„Пред да се отвори зимскиот преоден рок, разговарав со спортскиот директор и тој ми рече, „Јошко нема да те продадеме, потребен си ни, веруваме во тебе“. Се помирив со ова, си реков дека е потребно да продолжам со напорната работа, да играм, да освојам нешто“ – вели Јошко Гвардиол.

„Но на два дена пред крајот на преодниот рок ми се јави агентот и ми кажа дека Челси е екстремно заинтересиран за мене. Секако дека ќе се подзамислите кога ќе добиете убава понуда од голем клуб како Челси“.

„РБ Лајпциг сепак не сакаше да ме продаде. Страшно ме погоди оваа одлука, но тоа е, и онака планот беше да останам до крајот на сезоната“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани