Најтрофејниот
македонски клуб Вардар денеска симболично во „пет до 12“ одржа прес
конференција и побара институциите и градот Скопје да почнат да ги расчистуваат
работите со долговите.
„Црвено-црните“
открија дека има интерес од странски инвеститор, кој е подготвен да вложи 18
милиони евра во следните 10 години, но нерешените проблеми се кочница.
„За нас е
зачудувачки како се однесува оваа држава кога странски инвеститор е
заинтересиран да влезе во ФК Вардар и да вложи до 18 милиони евра. Ќе биде
покриен и основниот долг од околу три милиони евра, но се уште немаме официјален
одговор од институциите какви се долговите на ФК Вардар. Се обидуваме да доведеме
странска инвестиција за спас на ФК Вардар, но државните институции се
однесуваат игнорантски, без одговор на нашите барања уште од 27. јуни“ – вели Милорад
Миленковски, преставник на навивачите, кои го раководат клубот.
„Немаме одговор од
ниту една надлежна институција, како од ПУИГ, УЈП, па се до премиерот на
Владата. Зачудени сме и се прашуваме дали надлежните институции секогаш се
однесуваат вака кога се најавуваат странски инвестиции? Еве, нека биде и хипотетички
дали ќе дојде инвеститор, но дали ова е начинот на кој се привлекува инвеститор?
Не можеме да прифатиме ваков игнорантски однос кон ФК Вардар, на крајот на
краиштата, не е само наша должност да го зштитиме Вардар, кој е клуб на
народот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.