Столчето на Галтие почнува да се тресе, газдите на ПСЖ сакаат елитен тренер, имаат две желби

by
1 минути читање

Иднината на Кристоф Галтие е неизвесна, секој кикс носи нов притисок, па така е и по поразот од Марсеј по кој беа исфрлени од Купот на Франција.

Се вели дека катарските сопственици сакаат нов тренер, тие сонуваат за Зинедин Зидан кој не стана селектор на Франција, па би можел да седне на клупата на ПСЖ.

Како второ големо име кое се споменува е Пеп Гвардиола. Последните случувања во Манчестер Сити ја прават иднината на Пеп неизвесна, ПСЖ наводно ја прати ситуацијата и доколку тој сака да замине, тие се подготвени да му понудат договор.

Се верува дека евентуална елиминација од Лигата на шампионите во осминафиналето од Баерн Минхен, може да биде пресудна за Галтие.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани