Стоичков: Вечерва со цело срце за Хрватска, ние на Балканот имаме иста крв, треба да се држиме заедно

by
1 минути читање

Вечерва Хрватска и Англија ќе играат во второто полуфинале. Хрватите ќе се борат за првото финале во историјата. 

Ќе имаат и навивач во бугарската легенда Христо Стоичков кој вели дека неговото срце ќе биде за Хрватска.

„Не ме интересираат другите репрезентации, ние сме Балкан, имаме иста крв и мораме да се држиме заедно. Тие се едно, ние сме друго и од срце посакувам Хрватска да го освои светското првенство. Ќе биде тешко, но верувам дека може. Хрватска има многу доби играчи, Ракитиќ игра многу добар турнир, исто и Модриќ, двајцата се фантастични играчи. Субашиќ брани во животна форма“, вели Стоичков за „24сата“.

Стоичков вели дека Хрватска не е мала земја исто како што не се и сите други на Балканот.

„Каква мала земја, тоа нема врска. Бугарија е мала земја, па има златна топка и златна копачка. Хрватска е мала земја па има златна копачка и брозна од Франција. Србија е мала земја, а беа клупски шампиони во Европа. Нема тука мала земја или не, или имаш срце или не, а ние на Балканот сите имаме срце и знаеме да играме фудбал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани