Македонскиот фудбалер Стефан Деспотовски потпиша нов договор со српскиот суперлигаш ОФК Белград, откако официјално стави потпис на нов двегодишен договор со клубот.
Деспотовски се приклучи на ОФК Белград на почетокот од оваа календарска година, а по серија солидни настапи во вториот дел од сезоната, раководството на белградскиот тим реши да ја продолжи соработката со 22-годишниот десен бек.
Во младинските категории, Деспотовски го градел својот фудбалски пат во најголемите српски клубови – Партизан и Црвена Звезда, пред да се врати во Македонија каде во 2023 година го носеше дресот на Работнички. По кратка, но солидна сезона на домашната сцена, следеше интернационален предизвик во редовите на молдавскиот Шериф, по што повторно се пресели во Србија.