Со натпреварите ПСЖ – Баерн Минхен и Милан – Тотнем почнуваат вистинските возбудувања од Лигата на шампионите. Стартува елиминационата фаза во која клубовите веќе немаат шанса за поправен.
Осминафиналните натпревари се распостелени во четири недели. Денеска големо дерби е мечот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, тоа се две екипи кои атакуваат на големиот трофеј од Лигата на шампионите.
ПСЖ никогаш го нема освоено, а очајно го посакува. Но, парижаните немаа многу среќа во ждрепката, па наидоа на екстремно силен противник уште при првата пречка во елиминациите.
Дерби е и дуелот меѓу Милан и Тотнем, иако двата клуба не се во некоја идеална форма во домашните првенства, се очекува голема борба вечерва на Сан Сиро.
Утре на програмата се уште два меча, Борусија Дортмунд – Челси и Клуб Бриж – Бенфика.
Првите осминафинални средби ќе продолжат следниот вторник кога исто така има големо дерби, дуелот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Тој ден на теренот ќе излезе и нашиот Елмас, Наполи му гостува на Ајнтрахт.
Следната среда првите мечеви од осминафиналето ќе ги заокружат дуелите Лајпциг – Манчестер Сити и Интер – Порто.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.