Новиот сопственик
на Челси, Тод Боли трошеше како никој претходно и инвестираше преку 600 милиони
фунти во дури 17 нови имиња, но и покрај тоа, резултатите се далеку под
очекувањата.
Според пишувањата
на Атлетик, ваквата агресивна стратегија на новите газди носи одредена загриженост
кај староседелците на Стемфорд Бриџ, кои сметаат дека новите засилувања не вредат
за парите и го немаат потребниот квалитет.
Постои верување дека на новите играчи
со високи цени ќе им се даде приоритет кога е во прашање минутажата со цел да
се оправда големата инвестиција и да се имплементира долгорочна стратегија.
Англискиот
контигент исто така стравува дека летоска тие први ќе бидат жртвувани и продадени со цел да се
балансираат смектите.
Ваквите информации
следуваат по написите дека Челси ги прекинал преговорите со Мејсон Маунт за нов
договор. Фудбалерот од средниот ред е обврзан кон „сините“ до 2024 година и доколку
летоска не биде најден компромис за нова соработка, тој ќе биде продаден.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.