Срна објасни како Челси го украде Мудрик од Арсенал и порача: Навивачите ќе уживаат во неговите мајстории

by
1 минути читање

Арсенал подолго
време се обидуваше да го купи Михајло Мудрик и кога „топчиите“ почнаа да прават
добар прогрес во преговорите, Челси се појави на сцената, понуди 100 милиони
евра и го украде офанзивниот фудбалер.

„Многу е
едноставно, трансфер пазарот ја диктира цената, а не јас или претседателот“

вели спортскиот директор на Шахтар, Даријо Срна.

„Според мене,
Михајло е еден од тројцата најдобри играчи во Европа на неговата позиција, пред
него се само Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Па доколку некој сака да купи
играч на Шахтар, треба да покаже почит кон клубот, кон играчот и кон претседателот,
бидејќи знаеме како да продаваме играчи“.

„Што се однесува до
трансферот, се работи за зделка од 100 милиони евра, фиксниот дел е 70 милиони,
останатите 30 милиони се во бонуси“.

„Арсенал
навистина беше заљубен во момчето, но Челси покажа многу поконкретен интерес и
сериозна намера да го купат. Со сета почит кон Арсенал, на крајот одлучи
Михајло Мудрик бидејќи Челси ја плати сумата која ја сакавме, си подадовме рака
со Челси и момчето рече, „да, сакам да одам во Челси““.

Цената од 100
милиони е голем товар, Михајло Мудрик веќе почна да добива критики но Даријо
Срна вели дека навивачите на Челси ќе уживаат во неговите мајстории.

„Не грижете се, ќе
уживате во неговите фудбалски мајстории. Сега гледате само 35% од вистинскиот
Михајло Мудрик. Исто така, тој не може да игра сам, во моментов целиот тим на
Челси е во лошо расположение, не играат добар фудбал и резултатите се лоши.
Потребно им е време бидејќи имаат многу нови играчи“.

„Но верувајте,
нема простор за загриженост, Михајло ќе им донесе многу радост на навивачите на
Челси“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×