Србија стартуваше со победа, Коларов го сруши бункерот на Костарика (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Србија одигра добар натпревар против Костарика иако противникот со сите сили се бранеше додека не прими гол и солидно ја оневозможуваше играта на Србите.

Србите тргнаа во напад уште од стартот на мечот, но Костарика ја имаше првата шанса откако Гонзалез од идеална позиција биеше многу лошо со глава.

Во продолжението Костарика размислуваше само како да го одбрани својот гол, а Србија бараше начин како да ги пробие.

По пет минути игра во вториот дел Србија имаше неверојатна шанса преку Митровиќ кој излезе очи во очи со Кејлор Навас но голманот на Реал Мадрид го доби овој дуел.

Сепак само шест минути подоцна резултатот беше отворен, а најзаслужен за тоа беше капитенот Александар Коларов кој постигна прекрасен гол од слободен удар.

По примениот гол Костарика се отвори и остави повеќе простор за Србија. Тие имаа идеална шанса преку нововлезениот Костиќ кој не успеа да ја зафати убаво топката а пред себе имаше празен гол. Во одлична прилика уште еднаш се најде и Митровиќ, но ниту тој не го реши предвреме натпреварот.

До крајот Србија рутински го задржа водството и освои три многу значајни бодови во тешката група.

Во вториот натпревар од групата Е вечерва играат Бразил и Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани