По минималниот пораз во Шкендија од претходното коло, Вардар денеска на истиот терен доживеа вистински дебакл откако прими четири гола од Ренова а не даде ниту еден.
Ренова големиот триумф го најави уште на самиот почеток од натпреварот, до 13. минута веќе беше 2-0 со головите на Емран Рамадани и Емануел Мбела. Во вториот дел уште еден гол даде Рамадани, а при крајот Стојановски го постави конечниот резултат.
Со овој пораз Вардар падна од втората позиција на табелата, сега таму е Академија Пандев која со гол на Дориев ја победи Беласица со 1-0 во струмичкото дерби.
Шкендија уште еднаш се враќа без победа од Ѓорче Петров во дуел со Македонија. А почетокот не го наговестуваше тоа. Тетовскиот тим поведе уште во петта минута со гол на Имери, но во вториот дел Робсон да Силва постигна убав гол за конечни 1-1.
Работнички не го доби ниту вториот меч во пролетниот дел од сезоната, сега на свој терен одигра само 1-1 против Силекс. Кратовчани водеа со гол на Георгиев во 13. минута, Блажевски од пенал во 72. го изедначи резултатот.
Шкупи со голови на Бајрами, Ангелов и Сержињо ја совлада победа со убедливи 3-0.
Резултати:
Ренова – Вардар 4:0
Македонија ЃП – Шкендија 1:1
Беласица – Академија Пандев 0:1
Работнички – Силекс 1:1
Шкупи – Победа 3:0
Табела:
1. Шкендија 44
2. Академија Пандев 36
3. Вардар 35
4. Работнички 28
5. Шкупи 27
6. Ренова 25
7. Македонија ЃП 22
8. Силекс 20
9. Беласица 18
10. Победа 18