Николо Заниоло минатиот
месец побара да си замине од Рома, се пишуваше дека интерес пројавуваат клубови
како Тотнем и Милан, но конкретна понуда пристигна само од Борнмут.
Италијанецот не
сакаше трансфер во клуб кој се бори за опстанок во Премиерлигата, па го одби
предлогот. И кога се чинеше дека Николо Заниоло ќе дреме на трибини до крајот
на сезоната, Галатасарај тропна на вратата и успеа да го донесе фудбалерот во
своите редови.
По крајот на целата
трансфер сага, спортскиот директор Тиаго Пинто испрати порака до Николо
Заниоло, кој важи за еден од поперспективните фудбалери во Калчото.
„Мисли дека е
многу добар и дека треба да заработува одредена сума на пари. Но кога побара да
замине од Рома и доби конкретни понуди само од Борнмут и Галатасарај, треба
малку да се подзамисли“ – вели трансфер оперативецот на „волчицата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.