Спортинг реализира продажба од 55 милиони евра, а не е Ѓокереш

by bojan
1 минути читање

Иднината на Виктор Ѓокереш е една од топ темите ова лето и додека се чека разврската на оваа трансфер сага, Спортинг Лисабон го продава Осман Диоманде за 55 милиони евра.

Виктор Ѓокереш имаше одлична сезона па го привлече вниманието на неколку гиганти ширум Европа, но преговорите запнаа откако Спортинг побара многу пари.

Фудбалерот верува дека имал џентлменски договор според кој ќе може да замине за 60-70 милиони евра, и се заканува со штрајк и одбивање да игра доколку не му биде дозволено да направи трансфер по поповолни услови.

И додека се чека разврската на оваа сага, медиумите од Португалија пренесуваат реака Спортинг реализира продажба од 55 милиони евра.

Како што објави А Бола, 21 годишниот дефанзивец Осман Диоманде се сели во редовите на Кристал Палас, што ќе преставува рекорден трансфер за клубот од Премиерлигата.

ФОТО: X/Sporting CP

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×