Иако Спортинг Лисабон имаше сосема солиден тим, минатата сезона беше пропратена со многу скандали од кои најголемиот се случи во финишот од сезоната кога играчите беа нападнати и истепани од навивачите.
По тој настан дел од фудбалерите побараа да се раскинат нивните договори и да заминат од клубот како слободни фудбалери.
Сега португалскиот весник „Корео да Мања“ открива дека Спортинг Лисабон потрошил половина милион евра на компании кои водат социјални медиуми, за креирање на лажни профили со цел да го менуваат јавното мислење во нивна полза.
Тоа бил методот на претседателот на Бруно де Карваљо за справување со негативните реакции за скандалите кои го тресеа клубот.
Тој ова лето беше заменет со нов претседател, но и тој почна неславно откако го избрка Синиша Михајловиќ кој беше назначен како нов тренер од старото раководство само девет дена претходно.