Спортинг и Ристовски во драматичен финиш стигнаа до титула во Лига купот, ВАР одигра клучна улога (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Спортинг втора
година по ред се радува на трофејот од Лига купот на Португалија, вечерва во
големото финале ја доби пресметката со лутиот ривал Порто.

Популарните
„змејови“ беа на прагот на победата откако поведоа со голот на Фернандо во 79. минута од мечот, но во
последните мигови од регуларниот дел, со помош на ВАР, судијата досуди
најстрога казна за Спортинг, а Баст Дост погоди од белата точка за 1-1.

Победникот беше
решен во пенал серија, каде „лавовите“ ја задржаа концентрацијата, погодија
три, за разлика од Порто, каде само Алекс Телеш шутираше прецизно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани