Спалети: Понекогаш ми е жал што Елмас не е стартер, тој постојано дава голем придонес за тимот

by
1 минути читање

Наполи очекувано го сомле најслабиот тим во Серија А, а Елмас само го зголеми и онака своето рекордно гол-конто, само колку да потврди дека е многу важна алка кај Лучано Спалети, кој откако е тренер на Наполи секопат со многу пофалби зборува за „ил масимо“ Елмас, поради тоа што македонскиот ас секогаш го дава максимумот.

„Јас за Елмас веќе сум кажал многупати дека е импресивен и дека секогаш заслужува да игра. Кога ќе влезете во меч со правилен пристап и со вистинска глава, секогаш правите добри работи. Елмас секојпат ми покажува дека заслужува да игра и навистина понекогаш многу жалам што не сум го ставил од почеток, а тој постојано успева да даде многу голем и важен придонес за победите. А, Елмас е толку среќен што игра со соиграчите…“, вели Спалети.

Македонскиот репрезентативец со шесте гола е трет стрелец на Наполи во Серија А, зад центарфорот Виктор Осимен со 17 и грузиската ѕвезда Квича Кварацхелија со девет, но уште поинтересен е фактот што Наполи, кој има дадено 54 гола досега во сезонава, голот на Елмас е 17-ти на резервите, како потврда дека во Наполи сите се важни и клучни за да се оствари целта и сонот на цел град после повеќе од три децении.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани