Македонскиот
репрезентативец Елиф Елмас го стартуваше мечот за Наполи на гостувањето кај
Салернитана изминатиов викенд во Серија А, со тоа што неговиот тим запиша
минимален триумф од 0-1.
Шефот на
стручниот штаб на клубот од Неапол, Лучијано Спалети е задоволен од
посветеноста и залагањето на нашиот интернационалец, додаде дека Македонецот
заслужува настап и следниот меч.
„Елмас заслужи да
игра, тој дефинитивно заслужи да биде повторно во стартниот тим, јас лично
сметам дека тој е исклучително добар фудбалер, тренира со максимална
посветеност, а секогаш на теренот во голема мера се залага за тимот, заслужува
да настапи и следниот натпревар“ рече Спалети.
Следниот
предизвик за Наполи е гостувањето кај Легија во Варшава во четврток во рамките
на Лига Европа.