Србија со голот
на Коларов во 55. минута славеше на гостувањето кај Ирска во Даблин, а овие три
бода за победничкиот табор се злато вредни, ако се земе во предвид ситуацијата
на табелата во групата „Д“, каде Србија со 18 бода е лидер, а по неа следат
Велс (14) односно Ирска (13).
Мошне неизвесно е
во групата „И“, таму пак Турција забележа исклучително важна победа над
Хрватска со 1-0, и тоа со голот на Тосун во 75. минута од мечот во Ешкишехир.
Во оваа група се’
е можно на две кола до крајот, дури
четири селекции се борат се пласман на Мундијалот идната година, прва на
табелата сепак останува Хрватска со 16 бода но местото го дели со Исланд кој
има исто толку бодови, по нив следат Турција и Исланд со по 14 бода.
Во групата „Г“, каде е сместена и Македонија, Италија славеше над Израел минимално со 1-0,
а стрелец на единствениот гол на мечот беше Имобиле во 53. минута. Шпанија
броеше до осум (0-8) на гостувањето кај аутсајдерот Лихтенштајн.
На табелата во
оваа група прва е Шпанија со 22 бода, по неа следат Италија со 19, Албанија со
13, Израел со 9, Македонија со 7, односно Лихтенштајн е без освоен бод.
Резултати од
вечерашните натпревари:
Австрија –
Грузија 1:1
Молдавија – Велс
0:2
Република Ирска –
Србија 0:1
Македонија –
Албанија 1:1
Италија – Израел
1:0
Лихтенштајн –
Шпанија 0:8
Исланд – Украина
2:0
Турција –
Хрватска 1:0
Косово – Финска 0:1