Норвежанецот
седна на кормилото на Олд Трафорд откако Жозе Мурињо доби отказ по поразот од
Ливерпул на средината од декември. Оле Гунар Солскјер е назначен како
привремено решение до крајот на сезоната, и во следните месеци лидерите на
клубот ќе ги разгледаат сите опции.
Се говори дека Маурисио Покетино е прв кандидат, и самиот Оле Гунар Солскјер
вели дека ги разбира ваквите гласини.
„Покетино одлично си ја врши работа. Има причина зошто медиумите шпекулираат, бележи навистина добри
резултати. Но не е моја работа да ги оценувам другите тренери. Се фукусирам
само на она што јас треба да го сработам и на мојот тим“ – порача Норвежанецот
вечерва на средбата со медиумите пред гостувањето кај Тотнем во недела.
Оле Гунар
Солскјер исто така потврди дека ситната
повреда која го мачеше Пол Погба изминативе денови е минато и Французинот ќе биде подготвен за пресметката на
„Вембли“.