Солскјер дојде како привремен тренер на Манчестер јунајтед, има договор до крајот на сезоната кога раководството мислеше да донесе големо тренерско име. Но, Норвежанецот импресионираше и многумина сметаат дека треба да остане и во следната сезона.
„Се разбира дека не сакам да си одам во мај. Имам група на фантастични фудбалери, атмосферата е прекрасна, но треба да мислиме на следниот меч, на следниот меч, на следниот меч, и се така додека сум тука“, вели Солскјер.
Со победата над Њукасл, Солскјер стана само вториот тренер на Манчестер јунајтед по Мет Базби кој успеал да победи на првите четири натпревари како тренер на тимот.
„Тоа ќе биде во книгите, но не е нешто на кое размислувам. Размислувам само за следниот натпревар, бидејќи ако сте победиле на четири, можете да победите и на другите четири за овој клуб. Тоа е предизвикот и тоа е стандардот за кои знаеме“.